Влатчеслав (24) од Москва, Русија истурил киселина врз неговата девојка Екатерина, а потоа ја запалил. Тој бил бесен кога видел дека таа споделила фотографија од кучето на нејзиното поранешно момче.
Драмата се одвивала во неговиот стан, кога тој ја повикал за да му објасни зошто ја споделила фотографијата. Заканувајќи се дека има само 5 минути да му објасни зошто, тој без да размислува ја полил со киселина и ја запалил . Набрзо нејзината кошула почнала да гори, а пламенот брзо се раширил по нејзиното лице и тело.
Девојката потрчала кон бањата за да го изгасне пламенот. Откако повикале брза помош, Екатерина е задржана во болница за да ги санираат изгорениците.
Екатерина не чувствува никаква вина, бидејќи фотографијата ја споделила со цел да ѝ биде вратено кучето, кое таа го чувала пред нејзиното поранешно момче да ѝ го земе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!