„Оио студио“ од Њујорк го претстави новиот дизајн на облакодерот наречен “The Big Bend”, предвиден во планот на 57-улица во Менхетен.
Трката за изградба на најспектакуларни облакодери достигнува нови височини. Погледот од оваа неверојатна кула ќе го има хоризонтот на Менхетен.
Како најдолга зграда во светот, предвидено е да се издигне во висина од околу 1200 метри и од највисоката точка да се спушти надолу, како би се достигнала форма на буквата U ( У – латинично) свртено обратно.
Така и лифтовите во самата градба би имале можност да се вртат од вертикална во хоризонтална положба. Предвидено е да се постават две осовини на дното и на врвот, кои ќе бидат поврзани со јамка која континуирано ќе кружи.
Нацрт проектот за оваа кула ги помести границите во однос на законските регулативи за високи градби во Менхетен. Тимот архитекти се потпира на комплексот станбени и деловни објекти ОNE 57, кој ги прошири можностите за поглед од висина.