Доминик била родена на Брегот на Слоновата Коска, пред 10 месеци со паразитски близнак на нејзиниот грб, чии 2 нозе останале по раѓањето.
Тим од 5 доктори од Детската болница во Чикако одлучиле да и направат операција со која ќе бидат отстранети остатоците од близнакот. По 6 часовна успешна операција, Доминик останува во болницата за да можат да го следат нејзиното опоравување.
Оперативниот зафат бил еден од најтешките со оглед дека се работело за најмлад пациент, кај кого била санирана ‘рбетна дестабилизација и затворање, при што постоел ризик фактор од парализа и прекин на мозочната функција.
Паразитски близнак е идентичен близнак кој не успева да се одвои целосно и да се развива самостојно. Во случајот кај Доминик, тој останал, а неговите долни екстремитети паралелно се развивале.
Доминик е во стабилна состојба и се навикнува на новиот живот. Нејзините родители праќаат фотографии и благодарат до докторите кои преку два континенти го спасиле нејзиниот живот.