Спротивностите се привлекуваат. А кога станува збор за стилот, тука компромис нема – го носиш тоа што те прави подобар, наместо подобен. Свесен, наместо наивен.
Ова е мотивацијата за отворање на нешто наше, а светско. Последната технологија и дизајн од модниот свет отсега лесно достапна во Градски Трговски Центар прв кат и во центарот на Охрид.
Низа познати македонски музичари, блогери, спортисти и други јавни лица беа дел од отворањето на [ City BOX – sneakers and stuff ], поддржувајќи ја стилската револуција која и е потребна на метрополата.
За добрата атмосфера беше задолжен DJ Чваре. Во гужвата, покрај познатите јавни лица, беа момците и девојките од Red Bull Macedonia и нашиот графички дизајнер Давид Ристевски – Dreadpen, кој даде посебно обележје на графиките во sneakers and stuff продавницата со своите монстерчиња.
Во новата продавница [ City BOX – sneakers and stuff ] можете да ги најдете најновите модели на патики, текстил и аксесоари на светски познатите брендови Adidas, Nike, Puma, Reebok и многу други.
Се гледаме во [ City BOX – sneakers and stuff ].
The Box The City Needs.