33 годишната Кристал има зад себе бурно минато со снимени над 100 филмови за возрасни. Кога пред повеќе од 10 години како самохрана мајка се преселила во Лос Анџелес, заедно со својот мал син, таа немала скршен денат. Така започнала да игра стриптиз во еден бар, каде што ја нашол еден агент и ја вовел во порно индустријата.
Потоа следувал луксузен живот со многу пари и слава. Сите ја препознавале на улица, имала неколку скапи автомобили, луксузна куќа и сѐ што ќе посака. Нејзината слава во индустријата траела 10 години, се до моментот кога доживеала тешка сообраќајна несреќа, настан, кој според неа бил знак дека треба да престане. Тогаш прв пат отишла во црква и решила комплетно да си го промени животот. После само 3 години, таа се омажила, сега има и втор син и што е најневеројатно, веќе е проповедник во евангелистичката црква.