Ден за земање плата. Се враќа мажот дома – камен пијан.
Жена му:
– Јоване, ти плата зеде ли денеска?!
– Мдааа…
– Каде са парите?
– Пааа… ти купив… слон…
– Слон?! Каде е?
Јован буричка во панталоните, ги вади празните џебови надвор и вели:
– Еве му ги ушите, ако сакаш – има и сурла!