Нов Зеланд не е само земјата кадешто е снимена оригиналната трилогија на „Господарот на прстените“, туку е и земја на големи убавини и природни чуда. Но има и помалку природни чуда, т.е. чуда направени од човечка рака.
Таков е случајот со Болдвин Стрит во градот Дјунедин, во јужниот дел на Нов Зеланд. Можеби на прв поглед нема да ви се види како нешто особено, но тоа е најстрмната улица во светот.
Еве како изгледата улицата Болдвин од далечина. Заведена е во Гинисовата книга на рекорди. И да, околу неа има и куќи.
Куќите изгледаат вака. Навистина впечатлив дизајн.
Еве ја истата куќа од друг агол, при кој камерата е израмнета со улицата.
Улицата е таква каква што е како резултат на грешка во урбанистичкиот план. Кога се градел Дјунедин, дизајнерите во Лондон создале едноставен мрежест систем без да водат сметка за топографијата.