Дали се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува? Еве седум знаци за кои треба добро да размислите. Ова се всушност вистински искуства на изневерени луѓе, коишто тие ги споделиле на социјалните медиуми.

1. Нагло го менува однесувањето

„Нагло стана параноичен и му се менуваше расположението. Мене ме обвинуваше за прељуба иако јас си останав иста како и секогаш.“

2. Повеќе пати изневерил и порано

„Ако некој изневерил еднаш, не мора да значи дека тоа ќе го стори пак, можеби едноставно се наоѓал во специфична ситуација. Меѓутоа, ако веќе и порано ги изневерувал своите партнерки, веројатно пак ќе го направи истото.“

3. Постојано ве обвинува за неверство

„Крадците ги проверуваат бравите, а прељубниците своите парнтери. Луѓето кои прават нешто погрешно секогаш се параноични дека некој ќе им го направи тоа и ним.“

4. Секоја нова информација е нов доказ

„Кога нешто сосема безопасно во неговите приказни станува сѐ помалку и помалку безопасно. – Бев излезена со пријателките. Ма всушност, беше мешано друштво. Не бевме излезени, туку бевме кај него, но не се случи ништо, само се бакнавме…Добро, спиевме, но само еднаш…Всушност, ова трае со години“.

5. Почнува да троши повеќе, а вие не знаете на што

„Нагло започнува да троши сѐ повеќе пари, а вие немате поим за што. Често купува нова облека, но тоа не секогаш мора да биде знак за неверство.“

6. Не сака да се фотографира со вас

„Долго време бев со една девојка, а таа очигледно целото тоа време ме изневерувала. Одеднаш повеќе не сакаше да се слика со мене, но тоа беше во времето на аналогните фотоапарати, па и не ми беше многу чудно. Еднаш ѝ предложив да направиме заеднички портрет, сакав да ја запросам, па си помислив дека тоа ќе биде убав спомен. Таа ми кажа дека тоа не е добра идеја бидејќи `што ако раскинеме`“.

7. Лаже за тоа каде бил

„Шест пати во животот го фатив партнерот како ме лаже за тоа каде бил. Пет пати од тие шест ме изневери, а шестиот пат ми купувал подарок за Св. Валентин.“

Сподели на Facebook
пати видено