Да се извиниш кога не си во право или кога ќе го заборавиш роденденот на близок се сосема нормални работи, но многумина од нас тоа го прават почесто отколку што е потребно. Еве десет животни ситуации за кои никогаш не треба да се извинувате.

1. За нивото на своето образование. Тоа е исклучиво ваш избор и ваша работа.

2. За своите политички и верски ставови. Секој од нас има право на свое мислење и верување.

3. Кога ќе завршите добра работа. Не извинувајте се за вашите успеси.

4. За туѓи постапки. Било да се работи за член на семејството, пријател или колега, секој е одговорен за своето однесување.

5. За својот изглед, а истото важи за стилот на облекување, начинот на шминкање или омилената боја на косата. Ваш изглед, ваша работа.

6. Кога сакате да бидете малку сами. Разбирливо и потребно, и ни најмалку себично.

7. Кога не се согласувате со нечие мислење. Истакнувањето на вашиот став и начин на размислување, идеали и вредности на пристоен и ненавредлив начин не е нешто погрешно.

8. За своите приоритети. Ако нешто ви е важно, тоа значи дека навистина ви е приоритет. Без оглед на тоа што на другите истото не им е приоритет и што не го разбираат вашиот избор.

9.Ако не знаете одговор на нешто. Човек учи додека е жив и никој не е толку умен да ги знае одговорите на сите прашања. Да признаеш дека не знаеш нешто е храбро и силно.

10. Кога плачете или ви се плаче.

Сподели на Facebook
пати видено