„Селфи“ фотографиите во последно време станаа многу популарни, но да се сликате на место кадешто се случува човечка драма и кадешто човечки животи висат на конец не е ништо друго освен перверзија. Но, најужасното е тоа што не се работи за изолиран случај. По цел ден луѓе качуваат „селфи“ на Твитер сликајќи се колку што е можно поблиску до местото на злосторот.

За фотографиите да бидат што е можно поавтентичн, некои се сликаат пред телевизиските камери во заднината, позирајќи и смеејќи се како да стојат пред Сиднејската опера, а не пред место кадешто се случува заложничка криза и кадешто допрва може да се случи трагедија. Што ќе е следното? Да прават „селфи“ пред човечки тела на места на сообраќајки и други трагедии?

sl01

Заложничката криза се одвива од 10 часот, при што повеќе од триесет луѓе се држат како заложници од страна на вооружен човек во едно кафуле во Сиднеј.

„Не одете дома да ги гушнете саканите со благодарност што вие не сте помеѓу заложниците….одете на местото и направете селфи“ – напишал еден корисник на Твитер, а друг саркастично коментира:

„Еве се шетам овде за време на опасна заложничка криза, па си реков да застанам и направам селфи, со насмевка, се разбира.“

sl02 sl03 sl04

sl05

Сподели на Facebook
пати видено