Ако појдете во една пустина во Ново Мексико, ќе можете да ги слушнете звуците кои ги прави еден човек во пештерата која станала негово живеалиште. Ра Полете последните 25 години ги минал длабејќи го варовникот во пештерата во величествена уметност, а цело време го имал друштвото единствено на неговото куче. Запрашан дали можеби не е опседнат со копањето на пештерата, тој дал навистина промислен одговор:„Дали детето е оспеднато со игра?“, објаснувајќи дека кога го сакате тоа што го правите, тоа ве тера да го правите тоа цело време. Неговата цел е да ги инспирира луѓето да се отворат емоционално кон огромного изобилство на енергија која што неговите дела го произведуваат.
Слободно може да се каже дека тој создал вистинска магија во пештерите кои ги издлабил. Интересно е тоа што Ра себеси не се гледа како уметник, туку едноставно како човек кој го изразува своето чувство за чудење на страствен начин. Видеото кое ќе имате можност да го погледнете ја раскажува целата негова приказна.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.