Кога првпат се појави веста дека Нокиа 3310 се враќа во живот, љубителите на овој некогаш апсолутно најпопуларен бренд на мобилни телефони се воодушевија. Иако нештата екстремно се променија од 1 септември 2000 година кога оригиналната Нокиа се појави на пазарот, сепак никој не се сомнева дека војскацата на заљубеници во овој телефон со нетрпение го очекува враќањето на легендата.

Сето тоа од повеќе причини, од којашто најважната е мобилниот телефон да се употребува првенствено за телефонирање и евентуално праќање на СМС пораки, а притоа батеријата да може да трае се денови, што со повеќето паметни телефони од денешницата е едноставно невозможно А и цената на телефонот, која би изнесувала 59 евра, воопшто не е занемарлива како чинител во поглед на популарноста.

Премиерата на новото издание на Нокиа 3310 би требало да се случи на Светскиот конгрес на мобилна телефонија во Барселона. Се разбира, никој не очекува Нокиа 3310 да се врати во сосема истото издание како некогаш, но обликот, куќиштето и самиот концепт ќе го следат оригиналот, иако новата верзија ќе биде нешто потенка и полесна.

Покрај тоа, се најавува дека новата Нокиа 3310 ќе има и некои напредни функции приспособени на новото време, иако тоа сепак нема да биде паметен телефон и нема да користи Андроид софтвер. Ќе има поголем избор во поглед на боите на телефонот, што го прави уште попривлечен. Во секој случај, уште само малку големото враќање на Нокиа 3310 ќе биде тука.

Сподели на Facebook
пати видено