Две жени седат на клупата пред зградата. Излегува трета и почнува да се жали:
– Уф, сè ме боли, рацете ме болат, нозете ме болат, не е живот ова…
Двете и враќаат:
– Доста лажеш! Вчера од кај тебе излегоа двајца мажи, денес уште еден дојде и си отиде. Болна била…
– Ех, зошто луѓето се толку злобни. Едно здраво место да имаш и за него ќе ти завидуваат…