Босанскиот велосипедист и авантурист Дадо Делиќ пред некој ден се врати во своето Сараево откако по десет месеци патување и 11 500 километри изминати со велосипед, успешно го заврши својот проект „Со велосипед преку меридијаните и напоредниците“. Во текот на своето патешествие Делиќ минал низ Киргистан, Индија, Непал, Мјанмар, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Виетнам, Кина и Јапонија, покажувајќи дека со страст, желба, волја и решителност, човечките граници се непроценливи. Неговиот поход започнал на 27 април 2016 година, а целото патување траело 288 дена. Делиќ истакнува дека тоа за негов бил незаборавен период на кој ќе биде горд до крајот на својот живот.

dado5

„Сѐ уште сум под импресии од сето што го видов и изминав во текот на мојот поход. Зад мене е едно единствено животно искуство. Динамичноста на животот на пат е таква што својот план за патување го менував неколку пати, па така посетив и држави кои не ги имав во план“, вели Делиќ, додавајќи дека во текот на своето патување имал можност да запознае многу луѓе од кои некои мустанале и добри пријатели.

„Најголемиот предизвик и воедно најголемата сатисфакција ги остварив со минувањето преку планината Памира. Тоа засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Луѓето од Централна Азија и нивната гостољубивост навистина ме импресионираа и среќен сум што успеав да развијам пријателства кои сигурно ќе траат долго“, наведува Делиќ, нагласувајќи дека овој негов подвиг не би бил возможен без големата помош од страна на неговите пријатели и познаници.

dado4

Со својот проект и кампања „The Rolling Drifter – Cycling around the Globe“, Делиќ во последните две и пол години го привлекува вниманието на јавноста на проблемот со глобалното затоплување, борбата за свет без граници и го промовира велосипедизмот како рекреација и еколошки прифатлив вид на превоз.

dado10

dado9

dado8

dado7

dado6

dado3

dado2

dado1

Сподели на Facebook
пати видено