Жена плаќа на касата во супермаркет. Кога ја отвора чантата да го извади паричникот, касиерката забележува дека внатре си ги носи тастатурата и глувчето од компјутерот. Касиерката не можејќи да се воздржи прашува:
– Извинете за љубопитноста, но секогаш ли си носите со себе глувче и тастатура?
– Не, не, само сега. Сакав само да го казнам маж ми затоа што не сакаше да дојде со мене да пазаруваме…