Жените постојано се жалат дека веќе нема вистински мажи. Но, да ги жалиме ли жените поради тоа? Па токму тие ги воспитуваат своите синови да бидат како девојчиња. Ги лигават до предучилишна возраст, паѓаат во хистерија од секоја модринка или паѓање (Боже господи, Жарко, веднаш слегувај оттаму!) Веднаш се фрлаат да ги спасуваат ако се искачиле повисоко од третото скалило во забавниот парк, ги хранат со лажичка и на петгодишна возраст.

mz02

Резултатот е логичен: каприциозни полумомчиња со упаднати гради и со чантичка adidas преку рамото, кои мечтаат само за тоа нивните родители да им остават богатство и некаква работа колку ништо да не работат.

Но, што значи да се биде маж? Мажот треба да е силен. А што значи тоа? Да донесува брзи одлуки и да носи одговорност за тие одлуки. Прашање кон родителите – дали го учите вашиот син самостојно да донесува одлуки и дали носи одговорност за нив? Тоа се двете страни на еден медал. Слободата е едната страна, ограничување на слободата е другата страна.

mz01

А замислете ја оваа ситуација; мажот донесува одлука, а одговорноста ја сноси жената. Тоа не е маж, туку мамино детенце. Или друга; мажот не донесува одлуки, но сноси одговорност за нив – тоа не е маж, туку мажленце.

Всушност, слободата започнува со самоограничувањето. На која возраст детето станува маж? Ќе се изненадите од одговорот – од моментот кога ќе стане свесно за себеси како личност. Психолозите знаат кога точно се случува тоа – на три години! Да, драги мајки. Уште на три години вашиот син е маж, и ако го ограничувате тоа, кај него започнуваат да се зародуваат фрустрации, па дури и полови фрустрации. И колку повеќе се однесувате кон него не како кон маж, толку повеќе му го засегате машкиот принцип. А сите потиснати и неправилно развивани машки инстинкти после се пројавуваат во изопачена форма: агресивност, развратност, омраза или тотално непочитување кон женскиот пол и слично.

Од тригодишна возраст на момчето треба да почне да му се вели: „Ти си маж“. Тажен факт е дека вашите фрази како „сакам да направиш како што ти велам и не ме интересира ништо повеќе“ или „има да направиш така бидејќи мораш“ водат до развој на социопатска личност. Погледнете наоколу, и ќе видете толпи возрасни маженца неспособни да се натераат на никаква акција. А што навистина мора мажот:

Да може да трпи
Да може да се надвладее себеси
Да умее да греши
Да умее да биде нежен
Да умее да биде груб
Да умее да биде различен
Да умее да носи одговорност за своите зборови
Мажот треба да умее да БИДЕ

mz

Да, кон детето треба да се однесувате како кон возрасен. Тоа не значи дека со него не треба да си играте или да бидете нежни, да му простувате грешки, да не му се насмевнувате. Детето има право да греши. Момчето го истражува светот наоколу и неговите граници. Знаете ли зошто мажите личат на деца? Затоа што мажите постојано ги истражуваат и поместуваат границите на овој свет. Мажот треба да е немирен, да бара, истражува. Да е движечката сила на човештвото. А жената – таа треба да спасува, да чува.

Момчето не треба да биде казнувано за грешките при што казната да биде цел сама за себе. Треба да се научи да ги поправа грешките. Тој самиот, самостојно.

„Ова е твојата соба, ти самиот си ѝ стопан – сам ќе си расфрлаш, сам ќе си средуваш.“
„Мама е девојче. Колку повеќе ѝ помагаме, толку позадоволна ќе биде и ќе се нервира помалку.“
„Си стапнал на тоа – одговорај си за постапките“
„Ти сѐ можеш сам“
„Ти на прво место си заштитник на семејството“
„И не заборавај, ние сме заедно“
„Има проблем, значи има и решение“

Такви зборови треба да слуша младата машка личност, зборови кои го развиваат неговиот карактер, неговата силна машка волја и неговата самостојност, наместо зборови кои развиваат несигурност и постојан сомнеж во себе.

Сегашни и идни мајки, родители, одгледувајте ги вашите синови да бидат вистински мажи. Веќе има и премногу женски петлиња во светот, без да мислиме да навредиме било кого. Премногу несреќни и неостварени луѓе. А ако сте веќе возрасен и се наоѓате себеси во оваа група – не барајте сожалување. Вашиот живот ќе се промени единствено ако вие самите се промените. Дрзнете се и направете го тоа.

Сподели на Facebook
пати видено