Во Калифорнија почнале да се подаруваат букети од марихуана. Од почетокот на оваа година, лесната дрога е легална во оваа американска држава и за Св. Валентин многу двојки претпочитале да си подаруваат подароци со марихуана.

Една од големите продавници за марихуана реагирала на побарувачката и предлага големи букети од ова растение. Еден од недостатоците на подарокот е – цената. Еден голем букет чини 400 долари.

^791EB15211A10CA27C1D319498F756D10C0977005E0147D14B^pimgpsh_fullsize_distr

Во него има диви цвеќиња, гранчиња еукалиптус и околу 30 грама висококвалитетна марихуана за пушење. Во текот на неколку часа продавницата продала повеќе од 500 вакви букети.

Сподели на Facebook
пати видено