Поради некоја причина, зимата како да ги прави луѓето да бидат малку замајани. Дали поради ниските температури или толпите од стотици луѓе кои тргнале на шопинг по трговските центри, понекогаш човек сака да побегне некаде за време на Новогодишните празници.
Јуејацјуан е оаза во провинцијата Дунхуанг во Кина. Ова освежувачко одморалиште во суровата пустина Гоби служело како појдовна точка во древната мрежа наречена Патот на свилата уште од времето на династијата Чинг.
Маска е скриен скапоцен камен на прекрасниот канарски остров Тенерифе. Патеката до ова село скриено во монументалните планини Макизо де Тено е на три часа пешачење од најблиското место, така што многу малку луѓе успеваат да стигнат до селото.
56-те острови коишто го сочинуваат Тогијанскиот архипелаг се населени со само 37 мали села, од коишто едно е населено од Бајау, т.н. „морски цигани“ кои живеат во мали колиби до океанот. Џунглата во некои области е толку густа што плажите се пристапни само преку море.
Долината Спити се наоѓа високо на Хималаите и поради својата оддалеченост, тоа е еден од најретко населените региони во Индија. Овој будистички културен центар е дом на некои од најстарите верски храмови во светот.
По брегот Капаа на Хаваи се распростираат дузина скриени плажи, затскриени од масивни карпести формации. Овие скришни места се вистински предизвик за истражување.
Калавао, со неговите 90 жители, е второто најслабо населено место во САД. Поголемиот дел од областа е дел од величествениот Калаупапа Национален Историски Парк и единствениот знак на човечки живот е малото градче кое преткодно било дом на прогонетите лепрозни луѓе.
Ако сакате со стил да побегнете од луѓето, пештерата Шонгдонг во Виетнам е најголемата пештера во светот. Најголемата просторија во пештерата е долга повеќе од 5 километри, висока 198 метри и широка 152 метри, со сталагмити високи над 60 метри.
Филикуди е мал остров на кристално синото Средоземно море, на околу 50 километри оддалеченост од брегот на Сицилија. Со плоштина од само 6.5km², oд коишто три четвртини претставуваат национален резерват, шетањето помеѓу малите села на овој прекрасен остров претставува вистинско задоволство.
Ал Хаџара е село издигнато на карпа во далечните планини Хараз во Јемен. Некогаш тврдина, овој убав град сега се користи како појдовна база за неколкуте храбри планинари со храброст да се соочат со суровата околина.
Според CNNGo, Ел Нидо Палаван е најдобрат плажа на Филипините. Развиениот екосистем просто кани да го истражите.
Оазата Хуакахина во Писко, Перу, е позната како „Американска оаза“, бидејќи е една од најубавите оази на американскиот континент. Според легендата, лагуната била создадена кога прекрасната домородна принцеза била изненадена од млад ловец додека се капела и побегнала, оставајќи зад себе базен од вода.
Пага е едно од многуте скриени села во Нуса Тенгара, Индонезија. Затскриено од густата џунгла, ова мирно рибарско селце со неговите бели песочни плажи е најдалеку што може да биде од брзиот и стресен градски живот.
На почетокот на дваесеттиот век, мексиканската влада изведувајќи тестирања на бомби во Пуерто Валарта, го преобразила пејсажот во серија прекрасни пештери и скриени плажи. На ова скриено место можете да стигнете само со пливање низ 15-метарскиот тунел.
Моро де Сао Паоло, Бразил, е толку мирно и изолирано село, што до него можете да стигнете само со чамец или со чартер лет, бидејќи на островот не е дозволено да се возат автомобили. Селото е постелено преку три рида прекриени со шума, на местото кадешто Канал де Тапероа се среќава со кристално чистиот Атлантски океан.
Во длабочините на Југозападниот национален парк во Тасманија е скриеното чудо – езерото Оберон. Опкружено од сите страни со стрмни карпи, ова езеро е омилена дестинација на страсните рибари, покрај своите убавини кои ги пружа и поради тоа што е релативно непознато за досадните туристи.
Живописни куќи на Амеди, Курдистан, се распостелени на врвот на плато на 1219 метри надморска височина. Единственото место на кое можете да престојувате се локалните традиционални анови и жителите се гордеат со нивниот отпор кон современите хотели.
Пустината Баден Жаран во Монголија е дом на највисоките песочни дини во светот, достигајќи над 490 метри височина. Место кое не смее да се пропушти е манастирот Бадан Жилин кој се огледува во елегентното езерце.
Каримунџава е архипелаг од 27 острови во Јаванското море на 80 километри оддалеченост од цивилизацијата. Само пет од островите се населени со мали села, а останатиот дел е претворен во природни национални паркови. Истражувањето на островот со чамец е неверојатно искуство.
Манастирот Св. Степанос кој се наоѓа на 16 километри оддалеченост од Јолфа во Иран, всаден во длабокиот кањон на реката Аракс. Овој ерменски манастир е изграден во 9. век и е скриен скапоцен камен во ненаселена област.
Халона Бич е малку позната плажа на Хонолулу, и претставува една од најтивките и најмирни плажи на целиот остров.