На загрепскиот општински суд почнало повторното судење на 66-годишниот физиотерапевт Виктор А. од Загреб, когошто клиентка го обвинила дека сексуално ја злоставувал за време на масажа. Имено, веднаш по непријатната случка жената отишла во полициска станица и го пријавила, а по судската постапка тој бил условно осуден, но судот во Славонски Брод ја укинал пресудата поради недоволно факти.

ms

„Некаде кон крајот на масажата почувствував како нешто ме допре во пределот на задникот. Почувствував дека тоа не беше допир на рака и веднаш ми мина низ глава дека тоа може да е неговиот полов орган, по што се свртев и видов дека му е изваден и во ерекција. Во тој миг лежев на креветот и бев само во гаќички, но од шок излетав на другиот крај на собата кадешто ми беа работите и се облеков. Тој потоа ми пријде, нудејќи ми дури и да ми го избрише грбот, на што нервозно му кажав дека не треба, а тој ми кажа – прости, малку се занесов, нема веќе да се повтори. Ништо не му одговорив, само излетав од станот“, вели 30-годишната клиентка опишувајќи го непријатното искуство кај нејзиниот 66-годишен физиотерапевт.

На тоа тој одговара:

„Сѐ за што ме обвинува е невистинито, нема никаква логика. Како прво, имам проблеми со потенцијата и не можам да остварам ерекција, еднаш зедов и две таблети вијагра, но не ми помогна. Освен тоа, уште од 2000 година имам проблеми со хернија, која се наоѓа на десната страна под стомакот, многу блиску до половиот орган. Тоа ми пречи во работата и носам специјален појас, а повремено морам да подзастанам во работата и да го измасирам стомакот, со што моите странки се запознаени“, тврди Виктор А. во своја одбрана.

Сподели на Facebook
пати видено