Вообичаено ќе ви требаат години на посветеност и вежбање да научите да свирите на некој инструмент. Без разлика до кое ниво сакате да одите, но по правило за да станете мајстор треба време. Затоа и многу малку од нас стигнуваат до експертско ниво во музицирањето.
Но, едно животно (да, животно) елегантно го занемарува овој закон свирејќи џез мелодија при неговото прво запознавање со пианото како инструмент.