Пензионираниот Мајкл Бак од Англија успеал да изгради преубава и навистина уникатна куќичка за само 180 евра, употребувајќи само материјали кои успеал самиот да ги најде, а куќата ја кренал во неговата градина во селото Дедингтон. Бак ја дизајнирал куќичката на коверт, а потоа му биле потребни две ипол години за да го собере потребниот материјал за градба.
Паркетот потекнува од бродот на неговиот сосед, а стаклото за прозорите е од стари камионски прозори. Дури и сламата за покривот е од околните полиња. За изградбата на куќата од некои триесеттина квадрати биле потребни околу осум месеци, а притоа не биле употребувани никакви електрични машини. Куќата била изградена од природни материјали, глина, чакал и слама.
Во куќата нема струја ни протечна вода, но блискиот поток претставува непресушен извор. Се загрева на дрва, а благодарение на добрата изолација која ја обезбедуваат природните материјали и овчата волна на плафонот, топлината добро се задржува внатре. Блискиот извор служи како фрижидер, а тоалетот се наоѓа во посебен објект.
Бак имал желба да покаже дека изградбата на куќа не мора да биде недостижна цел и дека за тоа не треба да се издвојуваат многу пари. 180 евра било сѐ што тој можел да вложи во куќа која изгледа како во неа да живеат Хобити од Господарот на прстените.