Најмладата добитничка на ЕуроМилионс вели дека понекогаш посакува никогаш да не го купила добитното ливче. Џејн Парк имала само седуманесет години кога добила 1 милион фунти со првото ливче кое го купила во 2013 година. Но, сега вели дека огромната добивка и предизвикала големи стресови и дури размислувала да покрене правна постапка против организаторот Камелот. Г-ца Парк, која сега поседува два недвижни имоти, вели:

ml01

„Мислев дека ова ќе ми го направи животот десет пати подобар, но всушност ми го направи десет пати полош. Повеќето денови посакувам да немав пари. Си велам – мојот живот ќе беше многу полесен ако не ги добиев тие пари. Луѓето ќе погледнат и ќе си помислат – посакувам да го имав нејзиниот живот, посакувам да ги имав нејзините пари. Но, тие не го разбираат нивото на мојот стрес. Имам материјални нешта, но освен тоа, мојот живот е празен. Која е целта на мојот живот?

ml02

Г-ца Парк, која е од Единбург, смета дека долната граница за учество од шеснаесет години е прениска и дека луѓето не би смееле да купуваат ливчиња ако се помлади од осумнаесет години. Вели дека ѝ било многу тешко да најде момче кое не е по нејзините пари и дека ѝ се смачило од купување на дизајнерска облека и наместо тоа купува евтина секојдневна роба.

ml03

Сепак, таа признава дека никогаш не размислувала да ги даде некому парите и да се ослободи од огромниот товар.

ml04

Сподели на Facebook
пати видено