Шестчлено семејство веќе воопшто не ги посетува пазарите и маркетите бидејќи сѐ што им треба си одгледуваат во сопствениот двор. Семејството Харви кое живее во Вангануи, Нов Зеланд, си одгледуваат сопствен зеленчук и овошје, како и кокошки за месо и јајца. За тоа што не можат самите да го произведат работат кај други, или пак го менуваат вишокот свои производи. Лидија Харви, мајка на четири деца вели дека со овој принцип започнала кога нејзиниот најмлад син бил дијагностициран со целијачна болест. Префрлувањето на здрава и природна храна наместо процесирана и пакувана исто така им заштедува околу 400 долари седмично. И како им успева?

hr01

„Моето мото е – ако давате бесплатно, и ќе ви се враќа бесплатно“, вели г-ѓа Харви. „Секогаш имаме толку многу вишок што често даваме на други, дали зеленчук, овошје, јајца, пецива – и иако не бараме нешто за возврат, луѓето се среќни секогаш да ни возвратат со нешто.

hr02

Харви вели дека таа и нејзиниот сопруг Мет не би можеле да го одржат овој начин на живот ако и двајцата имаат работа со полно работно време.

„Јас готвам сѐ, и ако работев, немаше да се мачам со тоа.“

hr03

Од својата исхрана тие исто така ги исфрлиле и глутенот и млечните производи, а ги преиспитале и состојките во процесираната храна која ја употребувале претходно. Откако согледале дека голем дел од состојките не би можеле да се сметаат ни за храна, решиле да направат сериозна промена. Нивното патешествие назад кон природната и чиста храна го споделуваат на нивната Фејсбук страна Back to Basics, којашто ви ја препорачуваме како инспирација за поздрава исхрана и живот.

hr04 hr08 hr07 hr06

Сподели на Facebook
пати видено