На граѓаните на оваа држава не им се допаѓа да велат „не“. Тоа се гледа уште од нивните наједноставни одговори. На нивниот јазик „да“ се вели „чаи“, а најблиското до негативен одговор се вели „маи чаи“, кое може да се преведе како „не да“. Ова е повеќе од особено. Имено, оваа интересна појава до голем степен одразува една карактерна црта на овој народ која останува незабележана од посетителите на државата, сѐ додека не поминат извесно време таму. Станува збор за Тајланд – „земјата на насмевките“.
Кога прв пат ќе слушнете „маи чаи“ и ќе дознаете што значи, ќе ви звучи како некаков неправилен говор. А впечатокот се влошува уште повеќе кога ќе ги слушнете овие зборови и во поформални разговори. На пример, ако зборува жена, фразата може да вклучува и „маи чаи ка“, а ако зборува маж – „маи чаи круб“.
Не звучи толку елегантно како „но“ на француски или „најн“ на германски, но затоа Тајланѓаните се гордеат со својата љубезност и услужливост. Во рамките на нивната колективна култура тие се учат да се грижат за доброто на групата наместо да го прават тоа коешто им одговара лично. Можеби токму затоа зборот „не“ е ублажен со зборот „да“ во истата фраза. „Не да“ имплицитно дава до знаење дека човекот не може да го исполни тоа што се бара од него. Вообичаено луѓето го изговараат тоа „маи чаи“ со наведната глава, или ставаат рака на лицето како гест кој изразува вина.
Според Рачавит Пхотијарах, професор по меѓукултурни комуникации на Бангкокшкиот универзитет, „Тајланѓаните ја избегнуваат конфронтацијата бидејќи живеат во култура која е ориентирана кон колективното. Покажувањето на емоции се смета за знак на незрело поведение или лошо воспитание. Порати тоа таму многу се ценат луѓето кои знаат како мирно да ги решаваат проблемите“, објаснува тој.
„Тајландското општество е многу конзервативно и традиционално. Тоа е култура во која покажуваањето на благодарност и контролирањето на емоциите се правила вклучени во строг општествен кодес. Дури и искажувањето љубов меѓу вљубени двојки на јавни места се сметаат како знак на непочитување.
„Да“ може да биде „не“
За разлика од другите држави, во кои луѓето директно кажуваат што сакаат, при комуникацијата со Тајланѓаните, луѓето треба да внимаваат на контекстот за да разберат подобро што им се вели. Кога тајландски пријател ќе ви каже „да“, во суштина тоа може да значи и „не“. Треба секогаш да внимавате на двосмислениот говор.
Уште нешто интересно е што извинувањето не е честа појава во Тајланд. Таму да кажеш „извини“ или „жал ми е“, значи да признаеш, дека си си дозволил грешка и на тој начин ја губиш довербата на луѓето, а тоа е едно од најлошите нешта кои можат да се случат во азијатските општества. Во колективната култура, мнението на групата има голема вредност.