Има денови кога сме преуморни. И покрај тоа, стануваме од кревет, се облекуваме и тргнуваме кон канцеларијата. Седнуваме зад бирото. По неколку мига, а можеби и по час-два сме веќе целосно сигурни дека работата не ни оди. Што да правиме во таков случај?

rb01

1. Се откажуваме.

Сериозно, просто откажете се да се преправате дека сте зафатени или дека правите нешто друго. Дозволете си 15-минутиен одмор. Некое време мислете на нешто друго. Фокусирајте се на полесни задачи кои можете да ги завршите без многу напор.

2. Раздвижете се

Долгото седење во канцеларија не е здраво ниту за вашето телесно, ниту за вашето умствено здравје. Променете ја средината. Раздвижете се и направете неколку вежби за протегнување. По можност, излезете од зградата. По кратко време ќе се чувствувате подобро.

3. Поразговарајте со вашите колеги

Малку разговор за секојдневните ситници ќе ви се одрази добро. Најдете си соодветен соговорник и седнете со него или неа на кафе. Вие не сте робот. Не можете да функционирате како робот. Затоа, разговорите се одлично средство за полнење на батериите и наоѓање мотивација.

4. Во слободно време појдете на спа или прошетајте по продавниците

rb02

На тој начин со сигурност позитивно ќе повлијаете на вашето расположение. Кратка масажа, нова фризура, или едноставна долга прошетка низ продавниците – секогаш има со што да се расположите. Креативните луѓе знаат да одморат.

5. Земете си слободен ден

Штом работата не оди, зошто излишно да се напрегате? Голема е веројатноста потоа да не сте задоволни од резултатите коишто сте ги постигнале. Земете си одмор за тој ден и на работата навратете се следниот ден. Еден подолг одмор ќе ви дојде добро.

Сподели на Facebook
пати видено