Монахињи направиле рок група и продаваат илјадници билети. 12-те жени од Перу настапуваат под името „Сестра Моника и божјите служители“. Една од песните на групата над 600 000 видувања на интернет. Во неа се пее за момче кое се губи во трговски центар, но ја открива љубовта кон Бога.
Монахињите велат дека ја користат музиката како начин на популаризирање на католицизмот. Откако на нивен концерт во Лима дошле илјадници нивни почитувачи, монахињите решиле да тргнат и на турнеја. Веќе ги чекаат во Чиле, Еквадор и Колумбија.