Светскиот економски форум објави низа многу интересни предвидувања за начинот на кој ќе живееме по само тринаесет години. Во предвидувањата за 2030, за кои Светскиот економски форум разговарал со водечки експерти од тоа подрачје, се истакнува дека производите за продажба ќе станат минато, бидејќи сѐ ќе се изнајмува, а човештвото ќе биде подтотвено за ширење на Марс.
1. Сите производи ќе станат услуги
Купувањето до 2030 ќе стане далечно минато. Светот дотогаш ќе го реши проблемот на чиста енерија, а луѓето место да купуваат, едноставно ќе позајмуваат или ќе најмуваат сѐ што им треба, од куќи до автомобили. Што и да ни притреба, ќе ни биде доставувано со дрон. Но, затоа секое ваше движење ќе биде следено, а надвор од големите градови ќе живеат голем број незадоволни луѓе кои нема да уживаат во истите благодети како луѓето во градовите. Како последица на тоа, глобалното општество ќе биде длабоко поделено.
2. Американската доминација е готова, ќе има неколку глобални сили
Националните држави ќе се вратат на голема врата. Наместо една доминантна велесила, неколку земји ќе покажат полуимперијални тенденции, а меѓу нив ќе бидат САД, Кина, Русија, Германија, Индија и Јапонија.
3. Органите нема да ги трансплантираме туку ќе ги – печатиме
Благодарение на напредните технологии како што се автономните автомобили и персонилизраната медицина, ќе има многу помалку несреќи и потреба за хируршки интервенции. Никој веќе нема да умира чекајќи на донација на орган, бидејќи потребни органи ќе се печатат со помош на развиена технологија за 3D печатење.
4. Многу помалку ќе јадеме месо
Баш како и нашите баби и дедовци, месото ќе ни биде редок деликатес, а не основа на исхраната. Храната ќе биде преосмислена за да биде поздрава и помалку штетна за околината.
5. Денешните сириски бегалци ќе бидат директори на компании
Високо образованите сириски бегалци ќе влезат во нивното зрело доба, а економската интеграција на оние кои бегаат од своите домови од една или друга причина ќе стане многу важана, а особено со оглед на очекувањата дека поради климатските промени околу милијарда луѓе ќе бидат присилени да ги напуштат своите домови.
6. Вредностите кои го изградиле западниот свет ќе бидат доведени до точка на пукање
Најголемата закана за западните демократии ќе биде силниот подем на популизмот, но и идејата дека мнозинското население во општеството заслужува подобар третман од малцинството, предупредува Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч.
7. Ќе бидеме подготвени за населување на Марс
Научниците до 2030 година ќе откријат начин на кој луѓето ќе можат да останат здрави за време на подолго патување низ веселената, а веројатно ќе најдеме и докази за суштествување на живот надвор од Земјата, тврди Елен Стофан, главен научник при НАСА.