– Учителу – прашал ученикот – зошто има толку тешкотии кои ни пречат да ги постигнеме целите и кои прават да скршнуваме од избраниот пат, терајќи нѐ да се доживуваме себеси слаби?- Тоа коешто ти го нарекуваш тешкотии – одговорил учителот – се делумно дел од твојата цел. Престани да се бориш со тоа. Просто размисли за тие тешкотии и внимавај на нив кога го бираш својот пат. Замисли си дека стрелаш со лак и стрела. Целта е далеку, наоколу се спуштила густа магла и ти речиси не ја гледаш целта. Ќе се бориш ли со маглата? Не, ќе почекаш дури да почне да дува ветер и да ја распрсне маглата. Сега веќе ја гледаш цета, но затоа ветерот ти ја занесува стрелата. А сега што, ќе се бориш ли со ветрот? Не, просто ќе процениш во која насока дува и ќе го смениш аголот од кој стрелаш. Твојот лак е голем и тежок и не ти достигаат сили да ја затегнеш тетивата докрај. Ќе се бориш да го смениш, да се оптегнува полесно? Не, ќе си ги вежбаш мускулите за да станеш посилен и секој следен пат ќе успеваш да го оптегнеш сѐ повеќе.

str

– Да, учитело – рекол ученикот срдејќи се – но има луѓе на кои лакот им е поудобен и секогаш стрелаат по јасно време и без ветер. Зошто мојата стрела треба да се соочи со толку пречки на патот? Зошто целиот свет се спротивставува на моето движење напред?

– Никогаш не гледај ги другите – се насмевнал учителот – Секој си има свој лак, своја цел и свое сопствено време за стрелање. За некои луѓе погодокот се претвора во чиста среќа, а за други – можност да научат да стрелаат.

Учителот замолчал малку, се наведнал поблиску до ученикот и тивко продолжил.

– А сега ќе ти откријам и една сурова тајна, момче. Маглата не се спушта на земјата за да пречи на твоето стрелање, ветрот не дува само за да ти ја занесе стрелата, а тешкиот лак не е создаден за да те натера да сфатиш колку си слаб. Сето тоа постои само по себе. Ти си решил при тие услови да ја погодиш токму таа цел. Затоа, или престани да се жалиш на тешкотиите и започни да стрелаш, или смири ја гордоста и избери си полесна цел. Таква, која со сигурност ќе ја погодиш.

Сподели на Facebook
пати видено