Ни доаѓа смешно кога во секој филм шпионите се вооружуваат со најразноразни предмети во кои се скриени убиствени оружја, при што си мислиме дека треба би требало да сме навистина детинести за поверуваме, на пример дека може да е пука од чадор. Но, се испостави дека филмовите за Џемс Бонд не претеруваат баш во сѐ. Чадорот-пушка и тоа како постои и е многу опасно оружје.

bgp01

Далечната 1978 година бугарскиот дисидент Георги Марков чекорел низ улиците на Лондон, одејќи кон своето работно место во Би-Би-Си, кога одеднаш почувстувал дека нешто го прободело во бутот. Се свртел и видел човек кој крева чадор од плочникот. Тој имал необичен акцент, се извинил и влетал во првото такси, бегајќи колку што може побрзо.

Марков таа ноќ добил силна треска, и четири дена подоцна умрел како последица на труење со рицин. Патологот во неговата нога нашол топче со пречник помал од два милиметри. Тогаш станало јасно дека Марков, писател и дисидент кој побегнал од комунистичка Бугарија, всушност е убиен. Врз основа на деталите на коишто можел да се сети пред да почине, иследниците развиле теорија дека Георги Марков е убиен. Полицијата била убедена дека чадорот кој непознатиот човек го кренал од тротоарот всушност бил трансформиран во своевидна пушка.

„Луѓето се обидуваа да скријат оружје во секакви секојдневни предмети“, тврди Дејвид Финк, колекционер од Џорџија кој напишал статија за тајното оружје.

bgp02

Делува смешно, и не баш лукаво, но откако бил употребен за убиството на Марков, чадорот-пушка го заслужил своето место на листата на најподмолните оружја во светот. Иако делува како новост од современиот шпионски свет, ова оружје постои уште од 19. век, кога било осмислено како малку поинаква варијанта на популарниот стап-пиштол. Првиот стап за одење во кој било скриено оружје бил патентиран во 1823 година, претворајќи се во вистинско џентлменско оружје. По тој принцип и врз таа основа настанал и чадорот-пушка.

Самиот чадор со кој Марков бил убиен најверојатно бил направен од страна на КГБ за потребите на бугарската тајна служба, и иако од него се пукало како од пушка, компресираниот воздух и хиподермичката игла исфрлувале отровно зрно.

Сподели на Facebook
пати видено