Сѐ започнало кога младиот Јулијан од Романија купил детектор за метал и му станало хоби да оди по шумите и полињата и да бара вредни предмети. Набрзо потоа, шетајќи по околните ридови и планини, го нашол најголемото богатство во својот живот и воопшто најголемото богатство кое некој човек го пронашол во Романија.

bg09

Се работи за најголемото откритие на сребрени монети во Романија:

47 296 сребрени монети, кои повеќето се од времето на турскиот султан Мурат II (1421-1451) , со вкупна тежина од повеќе од 45 килограми.

bg10

Монетите се во многу добра состојба, што се должи на високиот процент на сребро во употребената легура (97 отсто сребро), како и на тоа што стотици годинистоеле закопани.

bg02

Како шо вели тој, согласно законските прописи во Романија, секој наод постар од сто години автоматски ѝ припаѓа на државата. и мора да се предаде на некој од музеите во рок до 72 часа.

bg11

Единствено на што има право пронаоѓачот се 30% од вредноста на најдените монети, што по сите исплатени даноци се сведува на 25%.

bg01

Сепак, останува фактот дека тој дејствувал на работ на законот, ако не и противзаконски, ако се земе предвид дека во Романија, исто како и во Македонија впрочем, метал детектор може да се употребува единствено со специјална дозвола од надлежните власти, а да не зборуваме за самиот чин на ископување, кој доколку се изведе нестручно, може да нанесе сериозна штета врз потенцијалното културно-историско богатство.

Еве извадок од Законот за заштита на културното наследство на Р. Македонија. Делот за употребата на детектор се наоѓа на крајот.

(1) Национално богатство во смисла на овој закон, ратификуванитемеѓународни договори и прописите на Европската унија се добра што припаѓаат на некој од видовите на движно културно наследство од членовите 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22 и 23 на овој закон, односно што претставуваат:

1. Археолошки предмети постари од 100 години, што потекнуваат од копнени или подводни истражувања и откритија, археолошки наоѓалишта и археолошки збирки;

….

Право на сопственост на културно наследство
Член 10

(3) Културно наследство и добро за кое основано се претпоставува дека претставува културно наследство што ќе се најде во земја или вода, без оглед дали е извадено, се смета дека е во државна сопственост. Во други случаи, во поглед на правото на сопственост се применуваат прописите за стекнување на сопственост на најдени ствари.

Забрана за оштетување, уништување, присвојување,прикривање, затајување и узурпација на културното наследство
Член 50

(2) Никој не смее да присвои ископина или друг најден предмет што претставува културно наследство или добро под привремена заштита.
Во однос на користењето на метал детектор, Законот го пропишува следното:

Употреба на опрема за детекција

Член 63
(1) Метал-детектори и други технички средства погодни за детекција на археолошки наоѓалишта, односно предмети од археолошко значење, можат да се употребуваат при археолошки истражувања само ако сопственикот на
таква опрема има добиено одобрение од Управата.
(2) Одобрението од ставот (1) на овој член се издава по писмено барање на сопственикот на опремата.
(3) Опремата за детекција од ставот (1) на овој член не смее да се употребува за вршење ниту за помагање или поттикнување на нелегални ископувања, откривања или отстранувања на елементи од археолошкото наследство.
(4) За издадените одобренија од ставот (1) на овој член Управата води посебна евиденција.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено