1. Колку побеспрекорно изгледа човек однадвор, толку повеќе демони има внатре во него.
2. Ние не случајно се избираме еден со друг. Ние се среќаваме само со тие коишто живеат во нашата потсвест.
3. За несреќа, потиснатите чувства не умираат. Ги натерале да замолчат, но тие продолжуваат да влијаат врз човекот одвнатре.
4. Задачата да се направи човекот среќен не била дел од планот за создавањето на светот.
5. Во овој свет влегуваме сами и сами го напуштаме.
6. Човекот кој сака многу жени – ги познава жените; човекот кој сака една жена – ја познава љубовта.
7. Ти цело време бараш сили и увереност некаде однадвор, а треба да ги бараш во себеси. Тие секогаш биле таму.
8. Повеќето од нас всушност не сакаат слобода, затоа што таа подразбира одговорност, а одговорноста ги плаши луѓето.
9. Безделниците ретко одат на гости кај зафатениот човек – на зовриениот сад не му се приближуваат муви.
10. Во средниот век мене би ме изгореле. Сега само ги горат моите книги.
11. Понекогаш пурата е само пура.
12. Љубов и работа – тоа се камен-темелниците на нашата човечност.
13. Зависта е разорна.
14. Ние не секогаш сме лишени од грешки поради кои им се потсмеваме на другите.
15. Нема ништо поскапо од болеста и нејзиното игнорирање.
16. Масите никогаш не ја познавале жедта за вистина. Тие сакаат илузии без коишто не можат да живеат.
17. Сексуална изопаченост може да биде само целосната отсутност на секс, сѐ друго е прашање на вкус.
18. Ништо во животот не излегува толку скапо како болеста и глупоста.
19. Првиот човек кој фрлил пцовка место камен бил творецот на цивилизацијата.
20. Првиот знак за глупоста е целосната отсутност на срам.
21. Соништата се царскиот пат во несвесното.
22. Секој човек има желби кои не ги кажува на другите и желби кои не ги познава ни самиот тој.
23. На човекот му е својствено да го цени и сака тоа што не може да го достигне.
24. Единствениот човек со кој треба да се споредувате сте вие самите во минатото. И единствениот човек од кој се стремите да бидете подобри сте вие самите сега, во овој миг.
25. Човек никогаш не се откажува од ништо. Просто заменува едно задоволство со друго.