Двајца ловџии во шумата. Одат тивко по патеката. Одеднаш едниот вика:
– Виде ли?!
– Не? Што?
– Зајак истрча десно!
По малку пак:
– Виде ли?!
– А? Не… Што?
– Ене, таму имаше лисица!
Продолжуваат да одат и пак оној вика:
– Виде ли?!
На другиот му станало непријатно:
– Дааа… видов, видов!
– Вистина? Па зошто тогаш стапна во него?