Шокантна снимка открива како на илјадници бремени колиби им се зема крв на „вампирските“ фарми, за потоа истата да биде вбризгувана на свињи со цел да се поттикне нивното размножување. Фармерите забиваат големи игли во кобилите и екстрахираат моќен хормон за оплодување кој потоа се вбризгува во другите животни за да им се помогне да се размножуваат. Ова се практикува во фарми во Јужна Америка, за потоа месото од свињите да се распространува ширум светот.
Хормонот, познат како коњски гонадотропин (PMSG) им овозможува на свињите да забременат по само два дена откако ќе им ги одземат нивните прасиња. Сега засега супермаркетите и производителите не се обврзани јавно да соопштат кои од нивните месни производи се произведени со помош на овој хормон, кој исто така се применува и врз крави и овци. Повеќе организации за заштита на животните повикуваат за поголема транспарентност при употребата на овој хормон.
„Многу луѓе кои конзумираат месо би сакале и имаат право да знаат какво месо им се нуди, но ги држат во мрак во поглед на тоа“, велат тие.
Покрај тоа, во сево ова постои и контроверза од етичка гледна точка, бидејќи на „вампирските фарми“ кобилите се одржуваат во состојба на постојана бременост само за да се произведува овој хормон.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!