Затвореници во злогласен бразилски затвор во кој минатата се случил жесток судир меѓу две сопернички нарко-банди при што имало и жртви, се фалат дека приредиле човечка скара и сето тоа го снимиле на видео. Затворениците ликуваат покажувајќи парчиња месо на ражен поставен над клада и велат дека ги испекле останките на нивните соперници.

Видеото било снимено во затворот Алкасуз каде што минатиот викенд се случило сурово насилство при што биле масакрирани 26 затвореници и повеќето од нив биле обезглавени. Воената полиција успеала да воспостави само најосновна контрола во затворот. Сега очајно се обидуваат да ги раздвојат соперничките банди поставувајќи ѕид од транспортни контејнери меѓу нив.

Затворениците снимени како прават „човечка скара“ припаѓаат на амазонски нарко-картел наречен Семејство од Северот и на нарко банда од Рио де Жанеиро наречена Црвена Команда.

kn02 kn03 kn04 kn05 sl01

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено