Близначките Ана и Луси Десинк влегоа во фокусот на вниманието откако потрошија речиси 250 000долари за пластични хирургии за да направат да изгледаат идентично, во што спаѓаат третмани на усните, градите, веѓите, трепките, ласерски третмани, микродермабразија и сл. сето во обид да изгледаат беспрекорно исти. Но, сега медиумите известуваат дека близначките Дасинк жалат за сето тоа и сакаат да се вратат кон нивниот „поприроден и поздрав изглед“.
„Тоа што порано го мислевме за убаво…сега ни е грдо“, објаснуваат тие.
Тие сега се на антидепресиви за да се справат со нивната телесна дисморфија и работат на тоа да ја поправат ситуацијата, надевајќи се дека ќе си го повратат оригиналниот изглед. И покрај тоа што веќе не сакаат да се впуштаат во естетски хируршки зафати, сепак 31-годишните сестри се држат до нивниот режим за темелна грижа на кожата, во што спаѓаат маски за лице, нозе, и разни други третмани.
Тие исто така се прославија и со фактот што имаат заедничко момче. Бен неколку пати се пошегувал дека би можел да прочита роман додека тие да завршат само со нивната ноќна рутина за грижа на кожата.