Студена јануарската вечер. Талентираниот инженер Петров излегува од капијата на фабриката, и наместо да чека нечистиот и смрдлив автобус, решава да се испроба автостоп. Изненадувачки крај него кочи сосема нов Land Rover, зад воланот седи заслепувачки убава плавуша. Инженерот збунет и засрамен ѝ вели дека чека некој пријател да го земе и по грешка кренал рака, но убавицата инсистира тој да се качи внатре. По патот таа му вели дека сака да земе една пријателка која се испоставува бринета, која како да излегла од корицата на Плејбој. Му нудат заедно да застанат до продавница и откако набавуваат резерви брендирани пијалаци и мезиња, го прашуваат Петров за неговата адреса. Стигнуваат до неговата зграда и му велат дека не би сакале да пијат во колата, па го молат да ги прими во станот. Следува дива забава која завршува со тројка до раните утрински часови.
После три месеци, двете пријателки се на некој свечен коктел.
Бринетата:
– Уф, како ми е преку глава од богативе бизнисмени и банкари!!! Сакаш ли да му се јавиме на Петров?
Плавушата одговара видливо загрижена:
– А мислиш ли дека ќе му текне кои сме?