– Од каде ги добивте овие повреди? Од мотор ли паднавте?
– А, не… кивнав во плакарот.
– – – – – – –
Слетува авионот, се отвораат вратите да слегуваме и ужас:
– Кој е пилот тука бе, каде си ме однел? Јас сум за Македонија, не за Сибир!
– – – – – – –
– Тато, тато, знаеш ли кој воз во Македонија доцни најмногу?
– Не.
– Тој што вети дека ќе ми го купиш за Нова Година пред две години.
– – – – – – –
Адамово јаболко е тоа парче од јаболкото што му застанало во грлото на Адам, кога Ева му кажала дека е бремена…
– – – – – – –
Да гушнеш некого и да му прошепнеш нежно на увото:
– Сум ти ја видел историјата на браузерот.
– – – – – – –
Зима е. Дете ја прашува мајка си:
– Мамо, мамо, зошто овие денови сите чичковци се шетаат со акумулатори во рака?
– – – – – – –
Денес се задолжив кај еден колега.
Ми вели:
– Дај 1000 денари на заем!
Буричкам во џебот, имам само 500!
– Добро, дај ми ги тие 500 и ќе ми должоиш уште 500.
– – – – – – –
Пост:
– Имам тело како статуа на грчки бог!
Коментар од бившата:
– И неговиот пенис е како на статуа на грчки бог!
– – – – – – –
На училиште:
– Деца, денес ќе учиме зборчиња што започнуваат на буквичката “К”.
– Јас, јас, учителке, јас да кажам! – Се развикало едно од децата.
– Зоки ти да молчиш! За буквата “Ц” уште не си довел татко ти, а да не зборуваме за “П”…
– – – – – – –
Многу гадно кога девојка ти ќе затрудни и не можеш да ѝ објасниш на жената зошто си тажен…
– – – – – – –
Се враќам дома доцна во ноќта, ја отворам вратата тивко, тивко се соблекувам и нежно се мушкам во креветот. И слушам глас:
– Пак ли си пијан?
– Како сфати? – Прашувам вчудоневиден.
– Повторно ја згреши вратата, станот ти е од лево.
– – – – – – –
Рамче се среќава со еден пријател на улица.
– Здраво, Рамче! Што правиш? Што има ново?
– Здраво! Ми се роди син!
– Частито! Како се вика?
– Луј!
– Зошто го крсти така?
– Затоа што е четиринаесетти!
– – – – – – –
Животот му беше како фудбалско игралиште – само трева и бели линии…
– – – – – – –
Мажот е како миксер – ти треба дома, но не си сосема сигурна зошто.
– – – – – – –
Надвор е -9, ветрот дува, се чувствува како -15.
Пијам чај со коњак и си мислам:
– А можеби не требаше да ставам чај…
– – – – – – –
Еден геј си го шетал своето големо куче во населбата и видел еден убав дечко исто така со куче. Се замуабетиле и од збор на збор, стигнале до способностите на кучињата. Гејот вели:
– Мојот Шарко знае да прави орален секс!
– Абе ајде. Тоа е невозможно!
– Соблечи си ги панталоните и ќе видиш!
По кратко убедување дечкото се согласува да го види и тоа чудо. Гејот:
– Шарко, ајде почнувај!
Шарко гледа како теле и не реагира.
– Абе ти ме слушаш ли, ајде веднаш!
Шарко не реагира.
– Гледај ме сега! Последен пат ти покажувам!
– – – – – – –
– Само да ти кажам дека мојот сопруг ќе се врати по еден час.
– Е, добро де. Ние не правиме ништо лошо.
– Да де… а времето си тече!
– – – – – – –
– Колку вегани се потребни за да се изеде едно гиро?
– Еден, ако никој не гледа.
– – – – – – –
– Мамо, точно ли е дека и тато има родители?
– Да сине.
– А зошто тогаш ни го оставиле да го чуваме?
– – – – – – –
Девојка прашува дечко во дискотека после цела вечер флертување:
– Душо, колкав ти е?
– Осум!!!
– Хи, хи, хи…
– Што ХИ ма… ФИ!!!