Инаугурацијата на Доналд Трамп е голема работа за малиот словенски град Севница од кој потекнува новата прва дама на САД. Почнувајќи од петок, ќе биде организирана тродневна прослава во чест на прогласувањето на Трамп за претседател на САД, при што ќе бидат добредојдени сите посетители кои сакаат да видат од каде потекнува и каде изразнала Меланија Трамп.
Севница се наоѓа на северниот брег на реката Сава во централна Словенија. Родена как Меланија Кнавс во блиското Ново Место, г-ѓа Трамп била одгледана во Севница од страна на нејзиниот татко, трговец со автомобили, и нејзината мајка, која работела во текстилна фабрика, во времето кога Словенија беше дел од СФРЈ.
Ја напуштила Севница во нејзините доцни тинејџерски години за да оствари манекенска кариера. Таа ќе биде втората прва дама на САД со странско потекло, по Луиза, жената на Џон Квинси Адамс, која била родена во Англија.
Жителите на Севница го поканиле претседателскиот пар да го посетат градот. Градоначалникот Сречко Оцвирк вели дека организирал бесплатни тури, разгледување на локалните брендови и замокот од 12-тиот век кој се извишува над стариот град.
До неодамна овој мал град со 5000 жители беше најпознат по фабриките за долна облека и мебел, како и по 900 години стариот замок.