Атиф Аслам, една од најголемите ѕвезди во Пакистан го прекинал војот концерт за да заштити девојка во толпата која била малтретирана од група мажи. Тој престанал среде изведбата на една од своите песни и се насочил кон мажите кои непристојно се однесувале кон девојката, велејќи им: „Што е, зар никогаш не си видел девојка? Ова може да ти биде сестра, или мајка.“

sl

Потоа пејачот ја поканил девојката да се качи кај него на сцената, а публиката на неговиот гест одговорила со бурни овации. Според очевидци, местото било преполно и слични поплаки имало и од страна на други жени. Атиф Аслам своето обраќање кон еден од мажите го завршил со зборовите: „Обиди се да се држиш како човечко суштество, или концертот за тебе ќе заврши порано!“

Сподели на Facebook
пати видено