18-годишна сопруга ја шест пати избодела љубовницата на нејзиниот сопруг во жесток напад откако ги забележала љубовниците заедно. Наташа Кан од Манчестер ѝ се нафрлила на Лиа Крајн со нож кога случајно налетала на жената додека со нејзиниот сопруг шетале низ парк. Крајн, која исто така е на осумнаесет години, тајно спиела со Хамза Фарид, сопругот на Кан. Во одмазда, била избодена шест пати, по што била однесена во болница со рани на нејзиното десно рамо и левата рака.
За време на сослушувањата се утврдило дека на нападот претходела жестока телефонска расправија меѓу двете жени. Расправијата кулминирала кога Крајн ѝ кажала на Кан: „Се надевам дека син ти ќе умре, а кога ќе умре ќе го ископам од гроб и ќе плукнам врз него.“ Во одговор, Кан и одвратила: „Внимавај – кога ќе те видам, Бог нека ти е напомош.“
Кан вчера била осудена на три години и четири месеци во казнено-поправен дом за малолетни престапници откако признала нанесување повреди со намера. Покрај тоа, ѝ била изречена наредба да контактира со Крајн.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!