Еден крадец имал среќа што се извлекол без никакви повреди откако украл питон од продавница за миленици, пикајќи си го во гаќите. Човекот бил снимен на снимка од видео надзвор како посегнува кон змијата долга половина метар, си ги откопчува панталоните и го пика питонот во нив, за потоа да си замине од местото. Инцидентот се случил во продавница за миленичиња во Портленд, Орегон, и змијата подоцна била вратена.

pt01

Сопственичката Кристин Бјуген изјавила дека змијата вреди 200 долари. Кога ѝ кажале дека ја украле, таа минала часови прегледувајќи ги снимките од видео надзорот, за најпосле да го најде виновникот кој успеал да избега незабележан.

„Знаеме каде живее, знаеме каде работи, знаеме сѐ за него и неговата девојка. И имал среќа што тоа не беше денот за хранење на змијата, а тие се многу гладни“, вели Бјуген.

pt03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено