Кружат гласини дека Фејсбук сака да ви ги знае и најдлабоките, најскришните мисли. Во април сајтот објави за постоењето на нов оддел, познат како „Зграда 8“, кој е посветен на создавање на нов вид технолошки производи кои ќе бидат комбинација на хардвер, софтвер и однапред подготвени содржини. И според нов оглас за работно место некои донесуваат заклучок дека мистериозниот оддел можеби развива технологија за читање на мислите на корисниците.

fb01

Огласот гласи дека е потребен „инженер за интерфејс за директна врска меѓу компјутер и човечки мозок“ кој би работел на двегодишен проект фокусиран на развивање на унапредување на оваа технлогија. Деталите во врска со тоа што сѐ ќе биде вклучено во работните обврски се оскудни, но во огласот се наведува дека една од клучните одговорности ќе биде примена на методи за развој на способности на машините за самостојно учење, енкодирачки и декодирачки модели, невровизуелизација и електрофизиолошки податоци.

fb02

Марк Закерберг претходно многу јасно ги опиша своите амбиции да создаде систем за телепатија, нарекувајќи го „врвна технологија за комуникација.“ Тој изјави:

„Еден ден, верувајте ми, ќе можеме директно да си разменуваме мисли со помош на технологијата. Ќе можете само да си помислите нешто и вашите пријатели веднаш ќе го доживеат, ако би сакале такво нешто. Ова ќе биде врвот на комуникациските технологии.“

Сподели на Facebook
пати видено