Кениска пратеничка ги повика жените во оваа африканска држава да започнат со сексуален штрајк. Миши Мбоко од Момбаса упати апел кон претставничките на својот пол да им откажат интимност на своите посилни половини доколку мажите не се регистрираат во избирачката листа за претседателските избори на 8 август.
„Ние имаме силно оружје и можеме да направиме пресврт за гласањето“, вели оваа претставничка на опозицијата во Кенија.
Мбоко изјави дека нејзиниот сопруг ќе може да си ужива во сексуалните задоволства, бидејќи тој веќе си ја исполнил граѓанската обврска. Рокот за регистрацијата завршува на 17 февруари, информираат медиумите.