Човек кому среќата му го свртела грубот нашол работа откако непозната жена на Фејсбук објавила фотографија со неговата молпа за работа. Шерин Џексон од Мелбурн одела низ центарот на градот кога налетала на бездомник, за кој подоцна таа дознала дека се вика Бери. Бери се преселил во Мелбурн од Перт откако му била понудена работа. За несреќа на 65-годишниот Пери, работата пропаднала и по неговото пристигнување во Мелбурн тој останал без дом и без пари, сам на студот. Цели три седмици живеел на улица.
Поради тоа решил да направи натпис со кој молел да му се најде работа и за среќа налетал токму на Шерин.
„Вообичаено не правам вакви нешта, но околу три попладне подзастанав и поразговарав со Бери“, споделува Шерин. „Беше чис и претставителен и добро се претстави себеси, имаше биографија и добри референци, па така знаев дека можам да имам доверба во него.“
Шерин му кажала на Бери да го напише својот телефон на знакот, го сликала и му кажала дека ќе гледа да му помогне колку може. Набргу таа почнала да се јавува кај камионски компании кои ги знаела, а на крајот и ја објавила фотографијата во локална Фејсбук група, замолувајќи некој да му даде шанса на Бери. Набргу потоа Бери бил преплавен со понуди за работа и сместување и животот му тргнал кон подобро. Ете како едно најосновно човечко внимание и мала заложба може да стори многу.