Легендата за мајмунт кој бил обесен како шпион се појавила за време на Наполеонските војни кога француски брод се насукал на брегот крај Хартлпул. Целиот екипаж се удавил освен едно суштество, какво што граѓаните на Хартлпул никогаш порано не виделе. Тоа суштество било мајмун облечен во француска униформа, но луѓето не можеле да го препознаат суштеството, ја препознавале само униформата која ја носело.
Французите можеби го повеле мајмунот со себе за забава, но кутрото животно не можело да има помалку среќа. Првин било испрашуван од Британците, и бидејќи се разбира мајмунот не можел да одговори, тие претпоставиле дека не знае ниеден јазик. И потоа заклучиле дека мајмунот всушност е француски шпион. Бил прогласен за виновен и осуден на смрт, по што бил обесен на плажата.
Фолклористите кои истражувале за почетоците на оваа приказна нашле пологично објаснување. Според нивната теорија, изразот „барутен мајмун“ вообичаено бил употребуван за момчињата кои на воените бродови ги полнеле топовите со барут. Според оваа теорија, еден „барутен мајмун“ го преживеал бродоломот и бил заробен и обесен од страна на Британците. Но, со текот на времето, како што приказната се пренесувала од генерација до генерација изразот „барутен мајмун“ исчезнал и бил запомнето само тоа дека бил заробен и обесен еден мајмун поради шпионажа. Ова станало дел од локалниот фолклор, па така на местото каде што наводно бил обесен мајмунот денес има споменик во негова чест. Исто така и локалниот клуб го прифатил прекарот „Манки Хенгерс“ (бесачи на мајмун) и создале маскота наречена „Х`Ангус д` Манки“.