– Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 долари.
– Што? За 115.237 долари? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече “надолу по брегот”, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Hains Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност беше дошол да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…