Предупредување: Мотика само го пренесува овој интересен случај и не препорачува, ниту охрабрува коцкарски активности, така што, ако решите да се впуштите во ваква авантура и дојдете до просјачки стап, вината ќе си биде само ваша!

Да се погодат сите парови на обложувачкото ливче најчесто е многу тешко, но еден човек од Мостар за кој босанските медиуми тврдат дека сака да остане анонимен, не само што успева од тоа, туку и живее од обложувањето, потпирајќи се на едноставен математички систем.

kl

„Ако на обложувањето почнете да гледате како на инвестиција, а не како на забава, можете и да заработувате од обложувалницата. За математичкиот систем кој го применувам првпат слушнав кога бев во странство. Како можам да дојдам до речиси стопроцентно сигурна заработка ми објасни еден математичар кој не знаеше ништо за спортот, туку го применуваше знаењето и умеењето од својата област“, вака ја почнува својата приказна за босанските медиуми, препорачувајќи да не се влегува во ваква авантура ако немате храброст и доволно пари.

„Системот е многу едноставен и со прост речник може да се нарече `двојно вложување на квота три`. Значи ако денес вложам 10 марки на паровите кои ја донесуваат квотата три и не добијам ништо, утре вложувам 20 марки. Ако пак не добијам, следниот ден вложувам 40 марки, исто така на третата квота. Доколку се случи да добијам, сум го вратил вложеното и добро сум профитирал“, вели тој.

„Месечно имам околу 1200 до 1300 к. марки профит од овој вид обложување, понекогаш и повеќе (1200 конвертибилни марки = 612 евра). Но, тоа не е без ризик. Ниедно обложување не е без ризик. Еднаш бев и во минус, преку 1000 марки, но сепак успеав да се извлечам и да заработам со помош на истиот систем. Доколку сте истрајни, парите ќе ви се вратат“, вели тој.

 

Сподели на Facebook
пати видено