Производител на обувки бил принуден да повлече од продажба еден од своите модели откако купувачите се пожалиле дека е украсен со свастики. Производителите на чизмите „Поларна Лисица“ (Polar Fox) кои сѐ уште се на продажба на Амазон за 38,99 долари, тврдат дека не знаеле за контроверзните ознаки и дека за тоа дознале од објава на социјалните медиуми,

sv01

Компанијата Конал Интернејшенел Трејдинг од Калифорнија тврди дека симболите биле ненамерни и дека се работи за „дизајнерска грешка“. Како што вели директорот за интернет продажба Антони Нгујен:

„Тоа беше нешто сосема ненамерно и се разбира дека ќе го повлечеме производот од полиците…Очигледно се работи за дизајнерска грешка.“

sv03

Антони вели дека ќе дискутира со дизајнерите за тоа како се случила грешката. Тој не ја исклучува можноста и дека свастиката била ставена намерно, но како религиозен симбол во хиндуистичката и будистичката традиција.

„Очигледно ова е нешто за што ќе треба да ги прашаме дизајнерите. Овој симбол постоел многу порано и во будизмот“, вели тој.

sv04

Повеќе купувачи го изразиле своето незадоволство, велејќи дека чизмите се многу добри и удобни, но се разочарани поради симболот на петите кој наликува на симболот на нацистичката идеологија.

sv05

Сподели на Facebook
пати видено