Свесни сме дека оптичките илузии знаат да го измамат нашиот мозок, но дали сте знаеле дека ниту нашите очи не се такви какви што изгледаат? Според д-р Гери Хајтинг, сите имаме кафеави очи, и покрај тоа што кај некои навидум имаат различна боја. Едноставно сѐ зависи од тоа колку пигмент меланин – кој исто така го има и во косата и кожата – имате во вашите очи.

so01

„Сите имаат меланин во шареницата (ирисот) на окото, и неговото количество ја определува бојата на окото“, вели Хајтинг. „Има само еден вид пигмент“.

Меланинот има темнокафеава боја, но може да впие и рефлектира различни количества светлина. Повеќе меланин значи повеќе впивање и помало одбивање на светлината, што прави очите да изгледаат кафеави.

so02

Помалку меланин значи помалку впивање на светлината и поголемо одбивање на синиот дел од спектарот на светлината и оттука ние тие очи ги гледаме како сини.

Сподели на Facebook
пати видено