Откриен е начин како оштетените заби повторно да пораснат, што би можело стоматологијата да ја одведе во сосема поинаков правец. Истражувачи од Лондонскиот кралски колеџ откриле дека лекарство првично наменето за лекување на Алцхајмеровата болест може да го поттикне организмот да ги пополни забните шуплини со ново забно ткиво дентин. Забите веќе можат да го прават преку истиот процес, пополнувајќи мали дупчиња, но кога шуплините ќе станат преголеми, забарот мора да вметнува вештачки цементи, инаку забот ќе биде изгубен.

zb01

Проф. Пол Шарп, главен автор на научната статија на оваа тема, објавена во журналот „Научни извештаи“, вели: „Едноставноста на нашиот пристап го прави за идеален за клинички забен производ за природен третман на големи шуплини, овозможувајќи заштита на забната пулпа, како и обновување на дентинот. Покрај тоа, употребата на лекарство кое веќе било клинички тестирано за Алцхајмерова болест претставува вистинска можност овој забен третман бргу да се најде во клиниките.“

Ако забот се оштети или инфицира, помеката забна пулпа може да биде изложена, при што се јавува ризик за понатамошна инфекција. Кога ова ќе се случи, забот лачи дентин, тврд материјал кој го сочинува поголемиот дел од забот, во обид да се пополни шуплината и да се затвори пулпата. Но, истражувачите откриле дека природниот механизам за поправка на забите би можел да се подзасили со лекарството тидеглузиб. Ова лекарство порано се тестирало како третман за разни невролошки заболувања, вклучително и за Алцхајмеровата болест.

Лекарството функционира преку стимулирање на матичните клетки, кои можат да се претворат во било каков вид ткиво во телото кое веќе е присутно, и на тој начин да создадат нов дентин. Ова лекарство, во комбинација со ензимот GSK, било нанесено на оштетен заб со помош на биоразградлив сунѓер направен од колаген. Како што сунѓерот се распаѓал, постепено бил заменуван со дентин, што довело до целосно природно поправање на забот, како што тврдат истражувачите.

Сподели на Facebook
пати видено